В сабота се отвора музејот „Валтер го брани Сараево“

На Денот на градот Сараево, 6 април, ќе биде отворен првиот филмски музеј во Босна и Херцеговина – „Валтер го брани Сараево”.

Посетителите во мултимедијалниот музеј ќе имаат можност да погледнат сè што е поврзано со овој култен филм.

На 6 април 1945 година, во завршните борби за ослободување на градот Сараево, загина Владимир Периќ-Валтер. Симболично на овој датум, 6 април, филмскиот центар Сараево ќе го отвори музејот „Валтер го брани Сараево”, посветен на еден од најзначајните филмови во кинематографијата на Босна и Херцеговина, и на овој начин да го оживее сеќавањето на овој култен филм.

„Ние нудиме реконструкција на сцени од филмот, потоа ликовите на креаторот на филмот режисерот Шиба Крвавац, како и на актерите од филмот да се во природна големина, концептот на восочни фигури кој е познат во целиот свет, се разбира тука се и придружни реквизити, документи и мултимедии кои сето тоа го следат“ рече Јасмин Дураковиќ, директор на Сараевскиот филмски центар.

„Валтер го брани Сараево” е филм за војната акција во режија на Хајрудин Шиба Крвавац, кој беше премиерно прикажан во 1972 година. Речиси 50 години подоцна, интересот за овој филм е сè уште огромен.

„Ние веќе имавме понуди од некои туристички агенции, како домашни, така и регионални, кои во голема мера се интересираат за приказната за музејот, да донесат свои туристи во посета на Сараево, само за да го видат овој музеј“ кажа Мија Шего, извршна директорка на музејот.

Најмногу заинтересирани туристи има од Народна Република Кина, каде што според некои информации, филмот „Валтер го брани Сараево” досега, само во Кина е гледан повеќе од 10 милијарди пати.

Остануваат само уште неколку дена до отворањето на првиот музеј во БиХ, музејот „Валтер го брани Сараево”. Тука на околу 100 квадратни метри посетителите ќе можат да ги видат водочните фигури, реквизитите од филмот, но и да го гледаат филмот.

Треба да знаете
Последни објави