Од Службата за итна медицинска помош на 1 април во скопската полиција пријавиле дека е пронајден починат маж во хангар на улицата Димче Мирчев.
Како што информираат од МВР, екипа на брзата помош констатирала смрт без траги на насилство и било утврдено дека се работи за 30-годишник од Германија, кој претходно таму бил со уште едно лице на возраст од 29 годни и користеле метадон.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.