Египет воведува забрана за пластика за да го заштити Црвеното Море

Египетска провинција на Црвено Mоре ќе  ја забрани употребата на пластични производи за еднократна употреба, односно од сламки до пластични ќеси, во обид за борба против загадувањето и заштита на животната средина, изјави денеска гувернерот Ахмет Абдалах.

Забраната ќе се применува во ресторани, супермаркети, продавници, аптеки и на бродови за крстарење  кои пристапуваат кон брегот.

Тоа ќе се однесува и на хотелите во Хургада, главниот град на покраината и на други места во провинцијата.

Меѓу забранетите предмети ќе бидат и пластични лажички, вилушки и ножеви, како и садови.

– Тоа е борба против пластиката што луѓето ја фрлаат, рече гувернерот и додаде дека целиот тој отпад се задржува во Црвеното море.

Забраната ќе стапи во сила во јуни, рече Абдалах и додаде дека сфаќа дека кампањата ќе биде тешка. Гувернерот не појасни детално како ќе се спроведува забраната.

Треба да знаете
Последни објави