Забрзано се рекунструира патот во Долно Лисиче

Реконструкцијата на регионалниот пат Јурумлери – Драчево што поминува низ Долно Лисиче е во полн ек, информираат од Општина Аеродром.

Со реализација на овој проект регионалниот пат во Долно Лисиче ќе биде целосно реконструиран и долгорочно ќе се реши повеќегодишниот проблем со несоодветна инфраструктура за локалното население.

„Проектот има исклучитено значење и предвидува градежни активности и материјали што се според високи меѓународни стандарди. Станува збор за многу фрекфентен пат и е прв од 12-те најоштетени делници што ќе се реконструираат во претстојниот период. За оваа намена се обезбедени 14 милиони евра од Светска банка“, велат од Општината.

 

Треба да знаете
Последни објави