Северна Македонија ќе има огромна економска корист од Договорот од Преспа потпишан со Грција, оценува во интервју за Франс прес, премиерот Зоран Заев.
Во пресрет на денешната официјална посета на неговиот грчки колега Алексис Ципрас на Скопје, Заев вели дека со него доаѓаат и многу грчки бизнисмени заинтересирани за инвестирање во земјава.
-Доаѓаат претставници на големи компании кои имаат годишен обрт од милијарди евра како што се Мотор оил, Митилинеос груп,…, наведува Заев.
Грчките компании, како што посочува, веќе покажале интерес за инвестирање повеќе од 500 милиони евра во енергетскиот сектор во Северна Македонија, а има интерес за вложување и во земјоделството и други сектори.
Во рамки не денешната посета Ципрас на Скопје, ќе биде одржан и Бизнис форум, на кој ќе се обратат двајцата премиери. Најавено е учество на претставници на повеќе од сто големи и средни грчки компании кои се заинтересирани за инвестирање во земјава