Повратникот на чело на Реал Мадрид, Зинедин Зидан даде прес-конференција пред утрешната посета на Валенсија. Францускиот ментор сепак беше напднат од прашања за тоа што ќе се случи во клубот во иднина, отколку во врска со претстојната посета на „Местаља”.
– Постојат неколку работи кои се дел од дискусиите помеѓу мене и раководството за претстојните промени, но непочитување е да се зборува за тоа во моментов. Мораме да ги почитуваме играчите што ги имаме во моментот. Не е во ред да се зборува за чистка во соблекувалната. Да, ќе има промени, но сега не е време да се разговара за нив. Ова ќе се случи во подоцнежна фаза, рече Зизу.
Во однос на шпекулациите за заминувањето на Рафаел Варан, тренерот вели дека не би можел да си го замисли клубот без дефанзивецот.
– Тој е млад играч, и тој е тука веќе осум години и одлично работи. Во печатот има многу работи, но тој не ми кажал ништо за оваа тема. Тој игра во број 1 тимот во светот, го познава, а исто така освои многу титули тука, рече легендата.
Францускиот тренер, исто така, ја оправда својата одлука да се обложи на еден од неговите синови, Лука Зидан, како стартер во минатото коло против Хуеска.
– Критиките не менуваат ништо. Секој што ме познава добро знае дека Лука е тука бидејќи има квалитети. Тој е во Реал од 16 години, исто како Дани Карвахал. Луѓето се обидуваат да ја мешаат личната врска, но тоа нема никаква врска со тоа. Тоа не ме загрижува, заклучи Зидан.