Кампањата продолжува: Силјановска во Дебарца, Струга и Ресен, Пендаровски во Скопско

На вториот ден од кампањата, кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски ќе биде во скопско и ќе ги посети Сопиште и Студеничани, а за попладне закажани се митинзи во Центар и Аеродром.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе го претстават својот кандидат Гордана Силјановска-Давкова пред граѓаните на Дебарца, Струга и Ресен.

Претседателскиот кандидат на Алијанса за Албанците и Беса, Блерим Река, според најавите, за денеска нема закажано активности.

Кампањата официјално започна вчера, а ќе трае до 19 април.

Треба да знаете
Последни објави