Кејли Куоко жали поради крајот на „Бубалици”

Актерката Кејли Куоко жали за крајот на популарната хумористична серија „Бубалици”, на која ѝ преостануваат само уште неколку епизоди од последната, 12. сезона.

– До групата луѓе кои беа можеби и предолго со последниве 12 години… Вие сте нашето семејство, напиша глумицата на Инстаграм под слика од скршено срце.

По вметнатото лице кое плаче, текстот продолжува:  „Никогаш нема да можам да речам ‘збогум’. Ќе ве носам засекогаш со мене „на бродот”, каде и да одам по светов. Вие сте мојата радост, моето среќно катче, мојата светлост во темнината”‘.

– Цели 12 години, мојот сопруг и јас заспивавме смеејќи се со „Бубалиците”… Вие друштво сте ми дом. Ви благодарам!, ја завршува Куоко објавата.

Треба да знаете
Последни објави