Куќен притвор за тинејџер што подметнал пожар кај Крушево

Полицијата вчера го фатила на дело Ѓ.Н.(19) од крушевското село Врбоец додека претпладнето подметнувал пожар во атар на селото Врбоец.

Според полицијата, полицајци од од СВР Битола околу 10.40 часот го забелеѓале пироманот додека палел ниско и високостеблеста дабова и букова шума.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ѓ.Н. за предизвикување општа опасност, а судија на претходна постапка му одреди домашен притвор во траење од 30 дена.

Треба да знаете
Последни објави