Литвански државјанин кој летал за Италија бил пријатно изненаден откако по качувањето во авионот дознал дека тој е единствениот патник на летот.
Скирмантас Стримаитис за агенцијата АП изјавил дека патувал сам во авион од типот „боинг 737-800“. Авионот полетал од литванската престолнина Вилнус кон италијанскиот град Бергамо. Стримаитис патувал во Италија на одмор и скијање, а летал сам во авионот кој може да прими дури 188 патници.
Покрај него, во авионот биле уште двајцата пилоти и петмина членови на екипажот.
Стримаитис за АП рекол дека летот, кој траел два часа, бил уникатно искуство во неговиот живот.