Ако сте романтична душа и сакате партнерот целосно да ви се посвети тогаш припадниците на овие хороскопски знаци се совршен партнер за вас.
Астролозите тврдат дека по ова прашање најмногу може да ви се насмее среќата со припадник од следните пет хороскопски знаци во кои се раѓаат мажи кои своите партнерки ги третираат како кралици.
Еве за кои мажи станува збор:
Мажите родени во овој знак можеби нема да ви купуваат скапоцени подароци, но ќе ве освојат со нивната поддршка и внимание, покрај нив постојано ќе се чувствувате сакано. Угодувањето на луѓето кои ги сакаат е нешто што најмногу ги исполнува.
2. Рак
Раковите сакаат да ги разгалат своите партнерки и да им овозможат сè што ќе посакаат. Без оглед на тоа дали се работи за скап подарок или нежна прегратка, мажите родени во овој знак ќе направат сè за саканата жена.
3. Лав
За разлика од претходните два знака, Лавовите очекуваат да им возвратите со иста мера. Жената покрај која ќе се чувствуваат сакано ќе ја чуваат како капка роса на дланка.
4. Јарец
Иако мажите во овој знак надворешно делуваат студено, кога ќе се вљубат тие се целосно посветени да ја усреќат саканата.
5. Риби
Мажите Риби ќе направат буквално сè за нивната сакана личност се чувствува посебно. Нема да штедат пари, ниту емоции, а од нив може да очекувате секојдневни посебни изненадувања.