Маж не успеал да извлече давеничка од Вардар

Скопската полиција на 1 април напладне добила пријава од маж кој кажал дека во водите Вардар, под мостот кај Народна банка, забележал жена која се давела.

Според пријавеното, тој се обидел да ја извлече, но не успеал, по што повикал брза помош и полиција. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита телото на жената било извлечено од водата, но докторите констатирале смрт.

По извршениот преглед, било утврдено дека се работи за жена на возраст од 77 години. Телото на починатата, по наредба на Јавен обвинител, било пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Треба да знаете
Последни објави