Министерот за култура Асаф Адеми на работна средба со вршителот  на работите во Амбасадата на Црна Гора во Република Северна Македонија, Јелена Милачиќ.

На средбата беше потенцирано дека Република Северна Македонија и Црна Гора досега имаат реализирано успешна соработка во сите дејности на културата, а беше изразена подготвеност во наредниот период да се интензивираат соработката и размената на проекти во двете држави.

Соговорниците на средбата подвлекоа дека е голем бројот на македонските уметници кои успешно се претставиле во Црна Гора, но и уметници од оваа земја оствариле настапи пред македонската публика. Беше потенцирано дека двете држави негуваат одлична соработка и во рамките на еминентните меѓународни организации, како што се: Форумот на словенските култури, Советот на министри од Југоисточна Европа, УНЕСКО, во рамките на меѓународната мрежа „Традуки“ и програмата на Европската Унија „Креативна Европа“, а се реализираат и заеднички проекти во рамките на Регионалните мрежи на националните комитети на ИКОМ и ИКОМОС.

Беше истакнато значењето на Програмата за културна соработка меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за култура на Црна Гора, која е со важност до крајот на оваа 2019 година, преку која се овозможува интензивирање на соработката меѓу институциите од областа на културата. На средбата беше нагласено дека во текот на овој месец, во работна посета на нашата земја ќе престојува министерот за култура на Црна Гора, Александар Богадановиќ, кој со министерот за култура Асаф Адеми ќе ја потпишат новата Програма за културна соработка меѓу двете министерства со која во наредиот период ќе се се реализираат голем број на активности.

Треба да знаете
Последни објави