Континуирано ни пристигнуваат различни диети и за секоја од нив се тврди дека токму таа е најдобрата, најздравата и најефикасната. Диетата 16: 8 е нов тренд, и се состои од секојдневно постење и умерена конзумација на храна. Имено, денот има 24 часа, а вие смеете 8 саати да јадете, а 16 саати треба да постите.
Оние кои пробале велат дека и не е така тешко. Повеќето луѓе со оваа диета јадат од 08 до 17 часот, или од 10 до 18 часот, што значи дека не јадат само попладне и навечер кога спијат, со што исфрлаат од јадењето непотребни калории и закуски кои ги конзумарале пред јадењето. Во осумчасовниот период, кога е дозволена храната, се советува да јадете лесни и здрави оброци, со повремено уживање на омилените слатки, без прекумерно конзумирање.
Во времето кога ќе постите можете да пиете незасладен чај и кафе, вода и диетални сокови.