Шефот на Реал Мадрид, Флорентино Перез денеска го претстави проектот за реновирање на стадионот „Сантијаго Бернабеу”. Шефот на кралскиот клуб и градоначалникот на Мадрид, Мануел Кармена, јавно покажаа како ќе изгледа „белиот” храм по 42 месеци.
Ова ќе биде најграндиозното реновирање на стадионот, кој беше изграден на 14 декември 1947 година.
– Ова е местото каде што сите мадридисти ги обединуваат своите сили и ја покажуваат љубовта кон клубот, рече Перез по емитувањето на неколку минутното видео за развојот на Бернабеу.
Тој вели дека се соочуваат со еден од најголемите клупски и градски проекти.
– Новиот „Бернабеу” ќе биде најдобриот стадион во светот, категоричен беше претседателот на „Лос Меренгес”.
Проектот на Флорентино, започнат во 2011 година со реновирање на тренинг базата, веќе добива реални димензии.
Целата инвестиција се очекува да изнесува околу 500 милиони евра.