Пратениците не прифатија ниту еден амандман на договорот за Брегзит, не сакаат ниту царинска унија со ЕУ

Пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент вечерва не успеаја да изгласат ниту еден амандман, меѓу кои и оние за кои многумина се надеваа дека ќе добијат мнозинска подршка- останување во царинска унија и заеднички пазар по Брегзит.

Откако во петок, на денот кога беше закажан Брегзит пратениците гласаа да ја напуштат Европската унија на 12 април без договор, вчера на дневен ред гласа за алтернативите за веќе три пати отфрлениот договор на Тереза Меј. Само 11 дена пред Обединетото Кралство да излезе од Европската унија, Џон Берков избра четири амандмани за гласање:

1. Царинска унија со ЕУ: одбиен со 261 глас ЗА и 282 ПРОТИВ
2. Заеднички пазар (сличен на норвешкиот модел): одбиен со 273 гласови ЗА и 276 ПРОТИВ

3. Распишување на референдум кој ќе го потврди Брегзит со договор пред да биде ратификуван од Парламентот: одбиен со 280 гласови ЗА и 292 ПРОТИВ

4. Ново гласање за продолжување на член 50, во случај Велика Британија да не го ратификува договорот два дена пред датумот на излез од ЕУ: отфрлен со 191 гласа ЗА и 292 гласа ПРОТИВ

Лабуристите предводени од Џереми Корбин во голема мера гласаа за поддршка на опцијата за царинска унија, заеднички пазар и референдум. Корбин во своето писмо до владата пред објавувањето на резултатите објасни дека тој е противник на планот на заедничкиот пазар, бидејќи “не се согласува со сите негови аспекти, но го поддржува, бидејќи тоа се поклопува со некои предлози на лабуристите за да се прекине застојот и да се изнајде консензус “.

По гласањето, Корбин рече дека ако Меј успеала да го стави својот референдум три пати на агендата, тогаш и другите опции за Брегзит треба да добијат трета шанса.

Членовите на северноирската Демократската унионистичка партија (ДУП) вечерва одлучија да не гласаат за ниту една измена.

 

Треба да знаете
Последни објави