Мирјана Спољариќ Егер, помошничка администратор на УНДП и директорка на Регионалното биро за Европа и Заедницата на независни држави, утре и задутре ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава.
За време на престојот, Егер ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со заменикот претседател на Владата за европски прашања Бујар Османи.
Процесите за ЕУ интеграција, тековната реформа на клучните државни институции, креирањето работни места, вклучувањето на лицата со попреченост на пазарот на трудот, заштитата на животната средина и намалувањето на ризикот од катастрофи, се темите на кои ќе разговараат Егер, Заев и Османи.
Дел од агендата се Целите за одржлив развој.
Во рамки на посетата директорката на УНДП за Евроазија ќе посети неколку програми и проекти што во моментов ги спроведува УНДП