Заменик државниот секретар Џон Саливан в петок патува за Динард, Франција на средба со министрите за надворешни работи на земјите членки на Г-7, соопшти денеска Стејт департментот.
Г-7 е група на економски најразвиени демократии во светот – САД, Канада, Велика Британија, Франција, Италија, Јапонија и Австралија.
Средбите ќе се фокусираат на дискусии за влошената ситуација во Венецуела, за дестабилизирачкото поведение на Иран во Блискиот Исток, потоа за одговорното однесување на владите во кибер пространството и за конечна денуклеаризација на Северна Кореја.
На средбата на советот на министри за надворешни работи на Г-7 ќе се разговара и за изнаоѓање одговор на политичките и безбедносните предизвици што заеднички ги засегаат овие земји.
Средбите исто така се подготовка за самитот на лидерите на Г-7 што треба да се одржи во август во Бјариц, Франција.