Здружение за унапредување на квалитетот на животот на лицата со аутистичен спектар на нарушување „Сина Светулка“ – Скопје оваа година ја поддржува кампањата на Аутизам Европа, која гласи “Нови динамики за аутизмот”.
„Се проценува дека 7 милиони луѓе се во спектарот во Европската Унија. Повеќето од нив доживуваат дискриминација на различни полиња од животот. Со цел да одговориме на дневните предизвици со кои се соочуваат лицата со аутистичен спектар на нарушување се приклучуваме кон Европската кампања за 2019 година, заедно со 90 организации во 26 европски држави“ велат од здружението.
Оттаму порачуваат сите да се охрабрат и да го направат „симболот за аутизам“ како поддршка за промоција на социјалната инклузија и прифаќањето на различноста.
Целта е да се подигне свесноста за аутизмот, што ќе се направи преку едукативно дружење во ресторанот „Амбрела“ (Umbrella), со родителите на децата со аутизам, на тема “Однесувањето на децата со аутизам”.
Предавањето и дружењето е предвидено да трае од 18 до 21 часот. Исто така, родителите кои ќе дојдат ќе ја добијат книгата „Аутизам – Да се биде професионален родител“ од проф. д-р Олга Богдашина, која на 20 Март го одржа семинарот Истражување на сензорниот свет на аутизмот.