ВМРО-ДПМНЕ е симбол на партизирани институции, симбол на непотизам, симбол на притисоци и закани кон вработените во администрацијата и затоа оваа партија нема минимум кредибилитет да зборува за сосотојбите адмнистрацијата.
Започнатиот процес на реформи обезбедува независна, професионална и ефикасна државна администрација која работи во интерес на граѓаните и во служба на законите.
Процесот на вработувања во државните институции се одвива според годишните програми и потреби на институциите, а дел од вработувањата се со цел подобрување на состојбите во институциите во кои постои сериозен недостиг на кадар.
Според официјалните податоци на Министерството за информатичко општество и јавна администрација, во 2018 зголемен е бројот на вработени со високо образование и магистри, што значи дека конечно во јавниот сектор се вработуваат соодветни и висококвалификувани кадри, согласно потребите на институциите. Од друга страна во голем број сектори и институции забележано е намалување на вработените. Министерството за образование и наука, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, МНР, се само дел од министерствата во кои се забележува намалување на вработените.
Продолжуваат реформите кои обезбедуваат професионална и независна администрација која работи во интерес на граѓаните, а не во интерес на партиите како што беше случај во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.