Подмладокот на Христијан Мицкоски повторно ја промаши адресата. Штабот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на лажни вести е вистинската адреса на тема лаги и лажни вести, порача СДСМ.
„Доколу имаат проблем да го лоцираат, тоа е оној скапоцен дворец изграден во време на најголема сиромаштија и задолжувања на граѓаните и државата.
Први април е ден на Христијан Мицкоски и неговите лаги.
Во остуство на конкретни идеји, план и програма, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ своето делување го сведоа на лажни вести, деструкции и обид за блокада на иднината и на државата.
Затоа Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ од јавноста веќе се препознаени како симбол на лажни вести и измислици“ велат од партијата.