Освојувачот на 20 Гренд-слем и 28 „Мастерс” титули – Роџер Федерер на својата официјална страница го објави својот распоред за претстојната сезона на земја.
Маестро ќе учествува на тенискиот турнир во Мадрид (5-12 мај) и, се разбира, „Ролан Гарос” (26 мај – 6 јуни).
Вчера беше објавена прелиминарната листа на учесници на „Мастерс” турнирот во Рим и името на Федерер беше на него, но листата беше изготвена автоматски и тоа не значи дека Швајцарецот ќе игра во главниот град на Италија.
Федерер нема да игра во месец април, а на 14-ти почнува првиот голем турнир на земја – „Мастерсот” во Монте Карло.