Њујоршкиот Сенат, кој е под контрола на демократите, усвои правилник сличен на тој што го имаат уште седум американски држави, а според кој се зголемува границата за купување цигари и електронски цигари од 18 на 21 година.
Откако пратениците ќе го потпишат правилникот, оваа одредба ќе стапи на сила во рок од 120 дена.
– Во наша моќ е тутунските производи да не стигнат во рацете на младите, изјави сенаторот Ендру Куомо.
Според новиот правилник, ќе биде забранета продажба на цигари на лица помлади од 21 година, а таа мерка веќе се спроведува во седум американски сојузни држави и стотина општини, меѓу другото и во градот Њујорк.