Уште еден играч на Манчестер Јунајтед, чиј договор истекува во текот на летото, веќе преговара со друг клуб.
Откако вчера во Англија излезе информацијата дека Андер Ерера се разбрал со ПСЖ и во текот на летото ќе премине во францускиот шампион, денес „Скај Спортс” информира дека Хуан Мата преговара со Барселона.
Договорите на двајцата истекуваат на крајот на јуни, така што тие имаат право да разгледуваат понуди од други клубови уште од 1 јануари.
Според медиумот, Манчестер Јунајтед започнал преговори со Ерера и Мата за да ги продолжи договорите. Овие разговори течат веќе неколку месеци, но се уште не довеле до никаков резултат и на „Олд Трафорд” се загрижени дека може да изгубат и двајцата без пари.
Уште во јануари Мата најави можно враќање во Шпанија.
Матео Дармијан и Андреас Переира се други играчи на Јунајтед чии договори истекуваат во јуни.