Стево Пендаровски не е заеднички кандидат, не е консензуален кандидат за претседателските избори. Тој е кандидат на Владата, изјави Мендух Тачи, претседателот на Демократската партија на Албанците во емисијата Клик плус на ТВ 21.
– Тој е кандидат на Владата. Консензуален кандидат ќе биде претседателот на Македонија кога ќе се избере претседател Албанец. Да ги оставиме настрана зафрканциите. Консензус, е збор кога ти на на малцинството му даваш едно право, изјави Тачи.
ДПА ја поддржа кандидатурата на Пендаровски.
Тачи и пред официјализацијата на одлуката зад Пендаровски да застанат СДСМ, коалицијата и владините партнери ДУИ, ДПА и Алтернатива, изјави дека добро би било да се поддржи кандидат на Владата за шеф на државата.