Мик Џегер ќе оди на операција на срце

Фронтменот на легендарната рок-група „Ролингстоунс“, седумдесет и петодишниот Мик Џегер, оди на операција за замена на срцев залисток оваа недела, објави сајтот Drudge Report.

Џегер ќе биде опериран во Њујорк и се очекува дека после тоа целосно ќе закрепне, објави „Ројтерс“.

Бендот во саботата објави дека ќе ја одложи американската и канадската турнеја поради медицинскиот третман на Џегер.

Се очекува легендарниот 75-годишен пејач да се врати на сцена до лето.

Треба да знаете
Последни објави