Заедничкиот кандидат за претседател на државата, Стево Пендаровски денеска во рамки на кампањата за претседателските избори имаше средби со граѓаните на Сопиште и Студеничани.
Пред граѓаните Пендаровски ги потенцираше придобивките од, како што рече, избирањето напредок наместо изолација, градењето пријателства наместо продолжување на спорови со соседите.
-Тргнавме напред, покажавме дека преку договор и пријателство ги отвораме вратите кон подобра иднина за сите граѓани. Решавањето на деценискиот спор со соседна Грција значи интеграции во ЕУ и НАТО, економски развој, европски перспективи, нови инвестиции, нови работни места, подобар живот за нас и нашите поколенија, рече Пендаровски.
Стојам, додаде тој, зад концепт кој нуди продолжување по вистинскиот пат кој носи подобар живот за сите. Според него, времето на стагнација и изолација завршило и земјава чекори напред.