Врховниот суд во Загреб денеска правосилно го осуди некогашниот премиер и претседател на Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Иво Санадер на 4,5 години затвор поради кривично дело примање и давање мито во случајот „Планинска”.
Санадер е осуден поради 17 милиони куни (околу 2.288.386 евра) што ги барал и примил од Стјепан Фиолиќ, чија фирма ја продаде зградата на Министерството за регионален развој во загребската „Планинска улица”.
На една година условно е осуден Младен Млинаревиќ, чија фирма ја зголемила вредноста на зградата, како и Фиолиќ, кој ја призна вината.
Никој од осудените не дојде, а правосудната пресуда, според вообичаената процедура, судот ќе ја објави во текот на овој месец.
Заменичката на главното државно обвинителство Тамара Лаптош рече дека е поднесена жалба за Санадер и Млинаревиќ.
– Сметаме дека во овој случај се работи за еден од најтешките облици на политичка корупција и дека изречените казни се преблаги, рече Млинаревиќ.
Адвокатот на Санадер, Чедо Продановиќ рече дека жалбата е долга и ќе ја поднесе утре.
– Еден дел се однесува на суштествени процедурални прекршувања, бидејќи судијата не спроведе усогласување на повеќе вештачки наоди кои беа контрадикторни.