СДСМ: Мицкоски да одговори дали се сретнал со неговиот ментор Груевски во Будимпешта

Христијан Мицкоски не објави слика, никаков доказ околу неговата наводна посета на Виена. Но затоа, неговата ВМРО-ДПМНЕ призна дека тој бил во Будимпешта на „транзитно“ патување, соопшти СДСМ.

„Го охрабруваме Мицкоски да објави барем една фотографија од неговата посета на Виена. Ако тоа не е можно, тогаш Мицкоски нека го искористи периодот додека шета и шири лажни вести низ државата да одговори дали во Будимпешта се сретнал со неговиот ментор, осудениот криминалец Никола Груевски.

Да одговори Мицкоски дали пред почетокот на кампањата барал совети за неговата кандидатка Силјановска.

Доби ли Мицкоски насоки од Груевски за деструктивно и антидржавно делување?“ праша владејачката партија.

Треба да знаете
Последни објави