Силен ветер, дожд и грмежи – Циклон доаѓа кон Македонија
Од утре па во текот на следните денови над Европскиот Континент како и на Балканскиот Полуостров ќе се стационира циклонот Кристијан кој целосно ќе го промени времето во најголем дел од континентот и ќе услови поинтензивни врнежи од дожд, силен ветер и локални грмежи како и услови за невреме додека во алпскиот регион ќе има интензивни снежни врнежи каде ќе има дополнително и значително зголемување на снежната покривка која ја има таму, анализира Славчо Поповски.
Од утре и нашата територија ќе се наоѓа најпрвин под периферно влијание на овој циклон кој утре попладне ќе услови зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд а има услови и за ретка појава на грмежи, локални врнежи од дожд ќе има и во текот на следните денови, повремено и од локален карактер врнежите ќе бидат и со умерен интензитет па така се очекува да наврнат над 15 л/м2 воден талог и тоа особено во западната половина од државава, ќе започне да дува и јужен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет додека пак температурите на воздухот ќе бележат тенденција на незначително опаѓање и тоа за околу пет до шест степени.
Според најновите и моментални анализи поинтензивни врнежи на повеќе места ќе има за време на викендот кој доаѓа.