Тимошенко тврди дека изборите во Украина се наместени

Лидерката на опозициската украинска партија Татковина, Јулија Тимошенко, го обвини актуелниот претседател Петро Порошенко за „местење“ на првиот круг од претседателските избори, но рече дека не планира да ги оспори резултатите.

„Можам со сигурност да кажам дека претседателот Петро Порошенко ги ‘намести’ изборите, особено неговите сопствени резултати. Тие (изборите) не се само ‘наместени’, тие се лажни“, изјави Тимошенко на прес-конференцијата, објави ТАСС.

Треба да знаете
Последни објави