Најдобриот тенисер на светот открил која е првата работа која ја прави секое утро кога ќе ги отвори очите.
Новак Ѓоковиќ отсекогаш важел за исклучително религиозна личност, а колку верата во Бога е битен дел од неговиот живот покажува една од последните изјави на српскиот ас.
“Се молам секое утро. Прво изразувам благодарност за моето здравје, за приликите да ја продолжам својата еволуција како мултидимензионално суштество во овој живот. Благодарен сум му на Бог за семејството, за чувствата, што се будам на голем кревет за да ги видам најубавите изгрејсонца. На тоа што продолжувам да работам на работите за кои говорев, напорно да тренирам и на обврските кои ги имам како татко и сопруг”, изјавил Новак и додал:
“Морате да го правите тоа на дневна база, без разлика дали станува збор за молитва или двеминутна вежба. Понекогаш навистина немате многу време, но важно е да бидете дисциплинирани и да продолжите со таа пракса. Кога сте со отворен ум, спремни сте да примите сѐ со кое сте опкружени во овој преубав свет. Ние сме благословени што живееме во ваков свет и што поминуваме низ процес на еволуција. И кога ќе дојдете на прагот на сознанието кои сте, вие и понатаму продолжувате да трагате по вистината. Тоа ве носи поблиску до изворот од каде потекнувате и ве прави поприсутни, посмирени, исполнети со радост и благодарни што постоите. Тоа е суштината на животот”, заклучил тенисерот.