Во градот Беира во Мозамбик денеска почна вакцинација на граѓаните откако беа пријавени 1.400 пријавени случаи на колера. Во Беира и околината живеат околу 900.000 луѓе, а од прогласувањето на епидемија на колера починаа најмалку двајца.
Целта е да се вакцинираат жителите на Беира, Донда, Натаманди и Бузи.
Беира е еден од најтешко погодените градови во Мозамбик од ураганот Идаи.
Од колера човек може да почине во рок од неколку часа доколку нема соодветно лекување. Повеќе од 100.000 луѓе и понатаму се раселени и немаат пристап до вода за пиење. Светската здравствена организација предупреди дека доколку се прошират болестите како колера и маларија тоа би предизвикало и „други катастрофи”.