Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, изјави дека секое можно решение на косовскиот проблем мора да има поддршка од големите сили, особено од постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, истакнувајќи дека граѓаните на Србија мора да бидат свесни оти без јасен напредок во односите помеѓу Белград и Приштина, Србија нема да може да се приклучи кон Европската Унија.
„Во наш интерес е да бидеме во блиски партнерски односи со САД кога е во прашање Западен Балкан и да ја имаме нивната поддршка во охрабрувањето за напредокот за постигнување решение за ова важно прашање“, изјави Курц во интервју за магазинот „Корд“, пренесе „Танјуг“.