Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, утре ќе го претстави новиот мурал посветен на односите на Западен Балкан и ЕУ.
Муралот се наоѓа во центарот на Брисел и е насликан од младиот уметник Рикардо Друшкиќ од Босна и Херцеговина. Посветен е на луѓето од Западен Балкан и ЕУ и нивните длабоки културни врски.
„Муралот нè повикува да се гледаме едни со други со отворено срце и без предрасуди”, се вели во соопштението на Европската комисија.
Муралот го финансираше ЕУ, градот Брисел и традиционалниот бриселски фестивал на балканска култура Балкан трафик.
Тој е дел од Неделата на културата на ЕУ на Западен Балкан организирана од Европската служба за надворешни работи, со цел да се одбележи заедничкиот европски идентитет и културните врски помеѓу ЕУ и Западен Балкан