черашната средба меѓу Калјари и Јувентус ја одбележаа расистички навреди упатени од домашните навивачи до играчи на „Старата дама“, а по мечот Миралем Пјаниќ и Масимилијано Алегри жестоко ги критикуваа срамните навреди од трибините.
По вториот гол на Јувентус домашните навивачи упатија расистички навреди кон Моисе Кеан и Блас Матуиди, што уште еднаш ја згрози италијанската и европската јавност.
Нема сомнеж дека Калјари ќе бидат жестоко казнети за ваквото однесување на нивните навивачи.
„Кеан и Матуиди се разочарани. Ова е втора година како Матуиди доаѓа во Сардинија и се случува ваква сцена. На тоа треба да се стави крај и луѓето кои имаат моќ да одлучуваат и имаат право на глас мора да направат нешто. Момците се тажни, мора да се стави крај на расизмот“, рече Пјаниќ.
Домашните навивачи добија остри критики и од тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, кој рече дека расистичките навреди не се дело на целиот стадион, туку на поединци кои ги нарече „имбецили“.
„Матуиди и Кеан беа паметни, што е важно во вакви ситуации. Нема оправдувања за тоа што се случи, сметам дека натпреварот треба да се прекине и одново да се почне, бидејќи тоа не го направи целиот стадион, туку некои имбециликои прават потези што се надвор од секакво разумно однесување. Треба да има камери за да ги најдеме кои се“, рече Алегри.
Јувентус ги порази Калјари со 2:0, а головите ги постигнаа Бонучи и Кеан.