Ракометарот на Вардар, Даинис Криштопанс беше прогласен за најкорисен (МВП) ракометар на Ф4 турнирот на СЕХА лигата, додека четири ракометари на „црвено-црните” се најдоа во најдобриот тим.
Криштопанс покрај МВП, прогласен е и за најдобар десен бек за сеозната 2018/2019 во регионалната ракометна лига.
За најдобро лево крило е прогласен Тимур Дибиров, Стојанче Стоилов е бр.1 кај пивотите, додека повеќе од заслужено, најдобар голман е Дејан Милосављев.