Имате доволно пари да патувате низ светот и во еден ден сакате да ја поминете цела Европа? Не е научна фантастика туку реална можност. Фирмата „АвиаНет 24“ повеќе од една година постои во земјава и нуди можност да изнајмите приватен авион. Сопственичката Елена Ѓорѓевска за 24 инфо вели дека нудат секакви авиони од мали „цесни“, до луксузни „џетови“. Клиенти им се најмногу руските и украински тајкуни, но и дел од македонските јавни фаци. До сега организирале превоз за многу балкански и светски ѕвезди како Шон Пен, Тина Тарнер, Филипе Маса, Кличко, Анреа Бочели, Бен Стилер…Воедно сеорганизира и логистика ѕа за деноноќно превезување на органи за трансплантација.
АвиаНет24 постои веќе 12 години. До 2017 работела во Хрватска, а потоа е префрлена во Македонија. Фирмата е логистика за приватни авиони. Работат како нивен оперативен центар, комплетна подготовка на летање. Сопственичката на фирмата Елена Ѓорѓевска вели дека секоја од тие компании кои имаат приватни авиони или пак авиони за изнајмување има своја продажба.
-Откако ќе продадат некој лет тие ни се јавуваат на нас и ние понатаму ја работиме комплетната подготовка на летот. Значи секој авион што треба некаде да слета, да полета сето тоа треба да се најави на секој аерордом. Ако треба да се бара дозвола за прелет низ некои држави тие се обезбедуваат од наша страна и потоа подготвуваме документација за лет . Значи работиме комплетна навигација, метеорологија, пресметки на гориво, на тежини и потоа документи се праќаат на посадата. Таа го продолжува летот понатака, а ние го следиме летот. За некои од компаниите сме и нивна продажба. Тие имаат само свои авиони и посада и оганизациска структура потребна да ги задоволи условите за добивање на дозвола за оператер , а ние ја вршиме продажбата на авионските капацитети. Авоните се претежно од Балкан, Србија, Хрватска,Словениа и во моментот имаме 18 авиони кои ги работиме,органиѕираме логистика и вршиме продажба- вели Ѓорѓевска.
Според неа процедурата да се изнајми приватен авион е многу едноставна . Треба само да се јават кај нив и тие да најдат соодветен авион кој му одговара на патникот, по цена, по големина и по луксузот кој го нуди. Се нудат и прекуокеаански летови. На прашањето колку Македонците изнајнуваат приватни авиони Елена вели дека се многу кратко се на нашиот пазар и многумина и незнаатдека постојат.
– Преку Хрватска врзани сме преку во Еуро трансплант и превезуваме органи зависно од поребите,претежно ноќе.. Работиме 24 часа. Има побарувачка за најмување на авиони и од Македонци, но не е голема. Најмногу и најчести клиенти ни се Руси и Украинци кои најмногу ги користат нашите услуги. Авионите се користат и за забава и за бизнис. Многумина одат и на скијање со приватен авион. Летно време се користат за забава, пример на Ибица масовно се оди, но и по грчките острови. Ги возиме и диџеите летно време. Пример тргнува од Лондон и шета по цела Европа и пак се враќа назад- вели Ѓорѓевска.
Објаснува дека најчесто се изнајмуваат различни авиони во однос на потребите. Превезуваат познати ВИП личности како Шон Пен, з Тина Тарер, Хозе Карерас. Последниот скоро секаде патува со летови кои тие ги организиараат. Најчести клиенти им се руски тајкуни, и украински богаташи кои не се промовираат во јавноста со име и презиме. Во последно време со нив многу патуваат Италијанци кои имаат фабрики и авионите ги користат исклучиво за бизнис. Со нив има патувано и јорданската кралица Ранија.
Ценатана изнајмување на приватен авион е различна. Се движи од 1.500 евра за еден час за џетови, до 6-7.000 евра за саат. Има и поефтини за 200 до 300 евра за саат, но тоа се помалите авиони. Цената зависи од тоа дали има стујардеса, нема има или не кетеринг и слично.
Најнеобичен лет кој сте го организирале веи дека се две госпоѓи кои патуваат со 11 мачки.
-Патуваат од Њујорк до Брисел.Најголем проблем е каде да се сместат 11 мачки, бидејќи летаат со помал џет. Е сега проблемот е што сакаат да летаатод Брисел за Грција и даја шетаат Европа. Незнаеме каде да ги сместиме мачките. Мора да се во кафези. Не се за во багашник зошто ќе се задушат, во ходник не можеме да ги ставиме поради сигурност, а авионот кој го бараат за патување нема доволно седишта. Поголем авион не им одговара зошто е могу скап. Во моментов се забавуваме со организација на нивното патување- вели Елена.
Медицинскиот транспорт е една од дејностите која исто така ја работат. Превезуваат пациенти во животно загрозувачка состојба, но и органи за трансплантација. Вели дека нивните услуги се многу барани.
– Има пациенти кои се баш во тешка состојба кои се превезуваат со специјални авиони кои ја имаат цела медицинска опрема со медицински персонал. Дури има и анестезиолог како дел од посадата. Но има и пациенти кои не се во тешка состојбано одат на трансплантација или на некоја операција во странство и мора да се превезат на ваков начин. За пластична хирургија не сме имале до сега побарувања или можеби не сме знаеле дека оди на таква операција бидејќи можат нормално да патуваат па не барале медицински персонал како придружба- вели Ѓорѓиевска.
До сега организирале патување за пеачи, спортисти. Северина исто така летала со нивен лет. Филипе Маса, Кличко, Шон Пен, Анреа Бочели Тина Тарнер, Бен Стилер…се само дел од нивните клиенти. Се јавувале и македонските тајкуни и најчесто барале авиони за бизнис патувања, дел од директорите на големите фирми, но нема многу клиенти од Македонија. Но затоа од Балкан имаат многу.
Елена вели дека за да се подготви еден лет во принцип им треба половина час. Да се резервира авионот, да се најави летот.Се зависи каде е воздухопловот и до каде треба да долета.
-Кога се работи за превоз на органи пример ако се лета од Хрватска авионите се веќе во Загреб и нас ни требаат 30 минути за да го подготвиме летот и да се полета по органот. Се зависиод орган. Ако е срце оди цел медицински тим, ако е црн дроб не оди. За овие летови на аеродромите нема проблем. Мора да слетаат и полетаат. Работат 24 часа. За нив не важи никаква забрана- вели Елена.
Имаат клиенти со многу специфични барања додека трае летот. Храна, стујардеси, екипаж.
– За малите авиони до 6-7 места кои немаат стоечка кабина обично не оди стујардеса, освен ако клиентотне инсистира на тоа. Овде стујардеса е копилот. Но во други авиони стујардесата е дел од посадата и овиелетови се поскапи. Други пак си носат свои стујардеси. Некои пак не сакаат- вели Елена.
Првиот човек на фирмата вели дека Русите и Украинците не прашуваат за пари кога резервират авион. Кажуваат само услови. Авианет24 е фирма која е единствена од овој тип на цел Балкан. Ги остаавивме седумината вработени да организираат летови, некои за забава, други за спасување на некој човечки живот.
Валентина Ангеловска