Фејсбук вети дека ќе размисли за ограничување на лајв стримингот, две недели откако напаѓачот го прнесуваше во живо терористичкиот напад на двете џамии во градот Крајстчер во Нов Зеланд. Главната оперативна директорка, Шерил Сендберг изјавила дека се согласува со повиците дека мора да се направи нешто.
Во меѓувреме и Нов Зеланд ќе ги разгледа своите неадекватни закони за говор на омраза. Министерот за правда, Ендру Литл рекол дека сегашните закони не регулираат зло и омраза кои ги гледаме на интернет и најави дека Владата и Комисијата за човекови права ќе соработваат на законскиот преглед, кој ќе биде готов до крајот на годината.
Повеќе од 20.000 луѓе присуствуваа на комеморацијата за 50-те жртви од нападот, што се случи на 15 март. Во болница се се уште 21 човек, тројца од нив се на интензивна нега.