Очигледно министерката за правда тргна да го брани премиерот кој носи неправда. И ја разбираме, иако не ја оправдуваме Дескоска има задача да оправдува аболиран човек, и тоа не е лесна задача.
Ама не се дрзнува да говори јавно за тоа бидејќи нели Заев е божество, или во најмала рака Тито како што го викаат на неговите приврзаници на митинзите.
Но реалноста е дека ниту Заев е Тито ниту некакво божество, туку човекот кој полустуткан од својот кабинет бараше мито едно евро за црквата, едно евро за Вицето. Ете затоа Заев не сака правда, зашто тој е лицето на неправдата.