Еден 47-годишен Германец со албанско потекло денеска е осуден на доживотен затвор поради убиство на 19-годишен Албанец во семејна одмазда во 2017 година.
Доказите кои ги собра на истражниот тим покажаа учество на обвинетиот, изјави претседателот на судот во во јужниот град Улм. Друг обвинет во случајот се уште е во бегство.
Судот утврди дека мотивот за убиството е убиство на еден човек во Албанија во 2000 година, кога жртвата во сегашниот случај имала околу две години. Жртвата била внук на човекот кој го пукал во Албанија и бил избран за врз него да се изврши одмаздата.