Украинската влада ги забрани непланираните летови кон Русија по посетата на Москва од страна на украинскиот претседателски кандидат Јуриј Бојко и претседателот на политичкиот совет на партијата „Опозициска платформа – за живот”, Виктор Медведчук, пренесува ТАСС.
Овој потег беше инициран од украинското Министерство за внатрешни работи.
Порошенко ја обвини опозицијата за обидите да се направи Украина зависник од рускиот гас.
Министерот за внатрешни работи, Арсен Аваков, тврди дека двајцата припадници на украинската опозиција користеле дупка во украинското законодавство за директен лет до Москва. Тој додаде дека украинското МВР започнало со измените на легислативата во врска со користењето на воздушниот простор на земјата, за да се оневозможат непланирани летови меѓу Украина и „агресорската земја”.
Аваков, исто така, рече дека забраната нема да се применува на потенцијалните летови договорени за меѓународни организации како што се ОБСЕ, ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).