Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека до последен миг ќе работи на обезбедување уреден брегзит, но пред сѐ на тоа Велика Британија да предложи решение.
Меркел рече дека спречувањето на хаотичниот брегзит е во интерес на Велика Британија, но и во интерес на другите земји членки на Европската Унија.
Таа утре планира да ја посети Ирска, каде што, меѓу другото, ќе разговара за прашањето на границите на земјата со Северна Ирска, што е едно од најкомплицираните прашања во процесот за излез на Велика Британија од ЕУ, пренесе РСЕ.
„Решението мора да биде пронајдено во самата Велика Британија. Гледате дека постојат многу интензивни напори, но можете да видите и дека има многу идеи“, рече Меркел по состанокот со регионалните власти во источниот дел од Германија.