Наставник во детска градинка е уапсен во источна Кина, откако 23 ученици се разболеа и симптомите упатуваа дека станува збор за намерно труење, објави полицијата во вторникот.
Се претпоставува дека наставникот ја труел детската храна со натриум нитрит, соопшти градската полиција Џиаозуо на нивниот официјален сајт.
Прекумерното консумирање на натриум нитрит може да биде токсично и можеби фатално. Полицијата соопшти дека сè уште бараат мотив за инцидентот што се случи минатата недела.
Училишните деца во Кина често се изложени на смртоносни напади од луѓе кои се сметаат за ментално болни.
Во 2002 година, 42 луѓе, претежно ученици, починаа откако јаделе грицки затруени со отров за стаорци во источниот град Нанџинг. Убиецот, кој очигледно бил љубоморен на бизнисот на неговите ривали, брзо е осуден на смрт и егзекутиран.