Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски, вечерва на конвенцијата во Борис Трајковски, ги повика присутните сите заедно да ја испеат македонската химна.
– Ајде да покажеме дека не е точно дека сме потпишале договор со кој е забрането да се испее македонската химна. Ајде заедно со примадоната да ја испееме и текстуално. Дојдовме конечно по онаа што ни беше земено пред пет години, рече тој.
Ова следува откако се појавија низа рекации кога за време на вчерашната посета на Ципрас, не се интонираше химната, по што опозицијата обвини дека власта и СДСМ се срамат од Македонија.