Средношколец од „Марија Кири Склодовска“ нападнат од соученици

Шеснаесет годишен средношколец бил нападнат од тројца соученици вчера во кругот на средното училиште „Марија Кири Склодовска“ во Скопје.

Според полицијата, вчера во 22 часот во СВР Скопје, А.Н.(41) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11 часот во средното училиште нејзиниот 16 – годишен син бил физички нападнат од тројца други ученици.

Се работи на расчистување на случајот.

 

 

Треба да знаете
Последни објави