Киднаперите на 35- годишната американска туристка и нејзиниот локален возач во Уганда, побарале 500.000 долари за откуп.
Полицијата на Уганда информира дека киднаперите по телефон, кој го одзеле од туристката, побарале 500.000 долари.
Владата на Уганда претходно денеска јави дека вооружени мажи киднапирале еден американски турист и неговиот локален возач во национален парк во југозападниот дел на државата, недалеку од границата со Конго. Од Владата не го соопштија полот на грабнатите лица.
Портпаролот на Владата соопшти дека четири неидентификувани вооружени мажи направиле заседа вчера меѓу 17 и 19 часот и киднапирале американски турист и неговиот возач од Уганда, на влезот во националниот парк Квин Елизабет.
-Четири туристи, кои биле присутни во моментот на заседа, минале неповредени. Тие ги контактирале хотелите, каде што се сместени, и брзо се однесени на сигурно, изјави владиниот портпарол, додавајќи дека приоритет е да се најдат двете киднапирани лица, да се спасат и да се вратат безбедно.
Од Владата соопштија дека е во тек заедничка операција на полицијата, армијата и припадниците на Уганда.
Киднапирањата во заштитените подрачја на Уганда се ретко. Националниот парк Квин Елизабет во југозападна Уганда е популарна дестинација за сафари во таа земја.