Вкупно 171 шведски уметници и познати личности потпишаа отворено писмо во кое повикуваат да го бојкотираат натпреварот за песна на Евровизија во Израел, пренесува „Спутник“.
„Ние, шведските уметници и културни работници кои го потпишаа овој повик, не можеме мирно да гледаме како Израел го користи натпреварот за песна на Евровизија за да ги сокрие своите злосторства против палестинскиот народ”, се вели во апелот објавен во „Афтонбладет“.
На листата потписници се прог-рок ѕвездата Микаел Виехе, наградувана актерка Ло Каупи и пејачот и текстописец Јоахим Тастром од шведскиот панк-рок бенд „Ебба Грон“.
„Само неколку дена по израелската победа на Евровизија во мај 2018 година, израелската армија уби 62 Палестинци кои протестираа против нивната затвореност во Појасот Газа. Шестмина од убиените беа деца, а истовремено израелскиот премиер, Бенџамин Нетанјаху, изрази задоволство што Нета Барзилаи, победничката пејачка, е најдобриот амбасадор на Израел во светот, тврдат шведските уметници.
Отвореното писмо беше потпишано и од новинарот Кајса Екис Екман, кој учествуваше во флотилата „Слобода“ во 2015 година во Газа, музичарот Дрор Фејлер, члена на Левичарската партија роден во Израел, кој исто така учествуваше во флотилатам и основачот на Зелената партија, Пер Гартон.
„Сè додека Израел со својата политика на апартхејд им ги негира на Палестинците основните човекови права, ние мора целосно да се откажеме од учество во израелските културни размени”, се вели во отвореното писмо.
Претходно, повици за бојкот на Евровизија во Израел беа испратени од Левичарската партија со барање Израел да биде исклучен од Евровизија на хуманитарна основа.
„Не можеме да продолжиме да танцуваме и пееме додека продолжува злоупотребата на палестинскиот народ”, рекоа од партијата.
Апелот на уметниците, кој го отелотворува ставот на левичарската културна елита во дебатата за Блискиот Исток, предизвика многу негативни реакции со обвинувања за антисемитизам и за двојни стандарди за прашањата како што се правата на ЛГБТ .
„Знаете дека антисемитизмот постои кога еден куп музичари искажуваат еднострана омраза кон единствената демократија на Блискиот Исток и единственото место во регионот каде што хомосексуалците не се прогонувани и каде што луѓето можат да веруваат и да кажат што сакаат, без репресалии. Ниту еден од нив не протестираше против одржувањето на Евровизија во Азербејџан”, објави на Твитер психијатарот и автор Дејвид Еберхард.
Како дел од „феминистичката” надворешна политика на нацијата, Шведска во 2014 година стана првата нација во ЕУ што ја призна државата Палестина, што предизвика сериозна реакција од Израел и драматично заладување на шведско-израелските односи.
Овогодишниот натпревар за песна на Евровизија ќе се одржи во Тел Авив во мај по победата на Барзилаи минатата година во Лисабон. Израелската пејачка ги отфрли повиците за хуманитарен бојкот тврдејќи дека тоа не е решение.