Нашите пријателски односи со Турција се долгогодишни, нашите пријателски односи со Турција се потврдија и со денешната средба и посета на министерот за одбрана на Република Турција, во ситуација во која Турција се соочува со сериозни предизвици, во еден тежок регион што влијаат на нејзината безбедност. Сепак министерот за одбрана одлучи да биде тука во Скопје, така што нашата средба и денешни разговори ќе бидат во насока на наоѓање решение и на овој проблем и на ова прашање што е важно за Република Турција. Ние сметаме дека прашањата што се важни на нашите пријатели и сојузници се важни и за нас. Немаме дилеми дека така како што Турција не поддржуваше целиот овој период дури и во ситуации кога навистина беа осамени, така ќе продолжи да не поддржува и понатаму.
Ова е одговорот од министерката за одбрана Радмила Шекеринска на новинарско прашање што може да се случи деновиве откако министерот за национална одбрана на Република Турција, Хулуси Акар денеска побара институциите да соработуваат во сузбивање на, според нив, терористичката организација Фето.
– Ние не дискутиравме за прашања на денови или на недели. Ние дискутиравме генерално за прашањата што ги сметаме за важни за едната и за другата земја и така ќе продолжиме да дискутираме и понатаму. Владата на Република Северна Македонија, премиерот и со свои гестови и со присуство на одредени настани покажаа дека ја ценат поддршката на Турција и покажаа дека тој тип на солидарност и поддршка што сме ја добиле сме спремни и да го возвратиме и затоа не очекувам да биде загрозена ратификацијата на нашиот протокол за пристапување во НАТО, изјави Шекеринска пред почетокот на дипломатската дискусија на тема „Патот до Брисел” со амбасадори од земјите – членки на НАТО.одговарајќи на новинарско прашање дали би била загрозена ратификацијата на протооколот за членство на земјава во НАТО од страна на Турција доколку не се спроведе акција за сузбивање на Фето.
На прашањето кога се очекува Турција да го ратификува Протоколот, Шекеринска потсети дека Турција е во изборна процедура. Она што е корисно да се знае, истакна таа, е дека на 5. февруари токму во овој период стапи во сила нашиот договор за воено финансиска соработка помеѓу Турција и нас и тоа покажува дополнителна подготвеност да продолжиме да го градиме тоа стратешко пријателство.
– Очекувам дека така ќе биде односот и кон ратификацијата. Сите наши институции имаат прва и основна задача да ги почитуваат Уставот и законите на ова земја. Според Уставот на нашата држава, според уставните измени кои ги усвои со двотретинско мнозинство нашето Собрание денеска во сите документи што може да ги видите еве во армијата се зборува за армија на РСМ, рече Шекеринска.
Претходно, министерот Акар по средбата со Шекеринска во МО предупреди дека структури на организацијата Фето, што постојат во Северна Македонија, им штетат на на односите на двете земји и го саботираат на некој начин пријателството и братските односи што ги имаме.
– Имаме имиња на некои од поглавните од терористиката организација, што се поделени меѓу институциите на двете земји и длабоко сум уверен дека во наредните денови институциите на Северна Македонија ќе преземат конкретни мерки околу тоа. Им веруваме на институциите на Северна Македонија, порача меѓу другото министерот Хулуси Акар и изрази надеж дека во наредниот период ќе се направат конкретни мерки да се ослободат од оваа терористичка организација