Легендарниот тренер Арсен Венгер направи интересна изјава, поврзана за сезоната 2003/2004 со Арсенал. Тој говореше критично кон судењето, велејќи дека крајот на неговата голема серија со „топџиите” е ставен од англиски судија.
– Безгрешната серија заврши во натпреварот со Манчестер Јунајтед во март – за него одговорност носат судиите. Поразот не беше заслужен. Кога ќе умрам, пред да изберам помеѓу пеколот и рајот, ќе го прашам Господ „каде се судиите”, изјави Французинот, цитиран од „Ле Фигаро”.
Како што е познато, серијата на Арсенал без пораз траеше 49 натпревари. 14 години подоцна, стартегот беше ослободен од англискиот гигант, а на неговото место беше назначен Унаи Емери.